
Дете е првата жртва на ураганот Доријан кој во неделата го погоди островот Абако во северниот дел од архипелагот на Бахамските острови, објави во понеделникот локалниот весник Bahamas Press.
Според информациите, седумгодишно момченце се удавило кога неговото семејството се обидувало да побегне пред налетот на стихијата. Станува збор за првата жртва од ураганот Доријан на островите Абако. Сестрата на жртвата, чијашто возраст не е наведена во извештајот, се води како исчезната.
Пред пет дена агенцијата EFE јави дека од последици на налетот на ураганот Доријан постар човек го загубил животот во Порторико. Поради силниот ветер тој бил турнат од покривот на неговара куќа, беше објавено.
Според најновите податоци на американскиот Национален центар за следење на ураганите, ураганот Доријан кој се формираше над Атлантскиот Океан, се засилил до максималната петта категорија според скалата Сафир-Симпсон. Ураганот во моментов се наоѓа на околу 90 километри источно од островот Големи Бахами, и се движи кон запад со брзина од 2,2 метри во секунда. Максималната брзина на ветрот во вонего надминува 82,7 метри во секунда.