„Блумберг“: Поради Брегзит „избегаа“ 1000 милијарди долари странски капитал од Островот

Од изгласувањето на Брегзит, во јуни 2016 година, огромна сума пари, најмалку илјада милијарди долари, односно околу 10 отсто од вкупниот имот на британскиот банкарски сектор, 220 банки и финансиски фирми се иселиле од Островот во Европската унија, се наведува во статија на американската агенција „Блумберг“.

Во пресрет на „разводот“ меѓу Велика Британија и ЕУ, закажан за 31 октомври, бегањето на финансискиот капитал од Лондон, со децении неприкосновениот банкарско-финансиски центар на Европа, деновиве само за забрзува.

„Блумберг“ објави дека само минатиот месец водечки светски осигурителни друштва со седиште во Сити (банкарски дел на Лондон) во Даблин, како и оние од Луксембург, Франкфурт и Париз, префрлиле во други земји бизнис вреден 75 милијарди долари.