
Мерките за да се обезбеди непречено движење на британските туристи кон Грција за периодот по Брегзит, беше темата за која разговараа алтернативниот министер за надворешни работи, Милтиадис Варвициотис и министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, jави дописничката на МИА од Атина.
Од двете министерства соопштуваат дека Варвициотис и Теохарис дискутирале за начините за олеснување на движењето на туристите од Британија при влезот во Грција со цел да се избегнат турканици и непријатности за туристите.
На средбата, станало збор и за зајакнување на туристичкиот бран од Русија и мерки за олеснувања како што се побрзо издавање визи, зголемување на периодот на важење и поедноставување на процедурата за руските туристи.