-0.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Во сообраќајна несреќа во Германија загина младиот албански фудбалер Адеми

Албанскиот фудбалер, 22- годишниот Амир Адеми загина во сообраќајна несреќа во Германија.

Во вторникот вечерта во 20.40 часот дошло до судар на „пежо“ и „пасат“, во кој настрада младиот фудбалер на германски Регенсбург.

Полицијата го истражува овој случај.

Амир зад себе ги остави родителите, братот и сестра.