
Шеесетгодишниот Х.З. починал на работното место како чувар на паркинг во угостителски објект во тетовско Горно Седларце, општина Боговиње. Утринава околу 2 часот тој бил најден во бессознание на паркингот каде што работел. Потоа била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт.
-Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството, информира СВР Тетово.
Починатиот Х.З. е жител на тетовски Пирок.