
Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случи вечерва околу 20 часот на патот Струмица-граничен премин Ново Село на делницата кај селото Ново Коњарево, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
Во несреќата учествувале патничко возило и трактор, а сопатникот од тракторот се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Струмица.
Од 20:45 минути во прекин е сообраќајот на овој патен правец, а увидот на местото на несреќата од страна на полицијата се уште трае.