
Пожарот на потегот Страчинци – Брњарци на планината Скопска Црна Гора сѐ уште е активен, информираа утринава од Противпожарната единица на Град Скопје.
Пожарот избувна вчера попладне и гори нискостеблеста шума. Непристапниот терен и ветерот ја отежнуваа работата на пожарникарите.