(ВИДЕО) Турција тестираше крстосувачка ракета способна да уништи бетонски утврдувања

Турција ги изведе првите тестирања на крстосувачки проектил од сопствено производство со ознаката „SOM-B2“ за уништување бетонски бункери, објави во петокот министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк.

„Првите тестови на првата во Турција крстосувачка ракето SOM-B2, која може да се користи против бетонски утврдувања, беа успешно спроведени“, напиша Варанк на Twitter.

Проектилот е дизајниран од инженерите во компанијата „TÜBİTAK SAGE“ под водство на Управата за одбранбена индустрија, се додава во твитот на министерот.