5.8 C
Skopje
недела, март 2, 2025

ВМРО ДПМНЕ: Владата реализира за 145 милиони евра помалку капитални инвестиции од планираното

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ во својот најнов пост на Фејсбук пишува дека неспособната влада на СДСМ реализирала 145 милиони евра помалку капитални инвестиции од она што е планирано за овој период.

-КАКВА ИРОНИЈА НА ЗАЕВ!

Во услови кога за првите 8 месеци од годината неспособната Влада на СДСМ реализираше само 28.2% капитални инвестиции или во бројки 145 милиони евра помалку од она што е планирано да се реализира во овој период, во услови кога со новиот ребаланс на Буџетот се кратат повеќе од 50 милиони евра за капитални проекти што значи помалку патишта, канализации, училишта, градинки, спортски објекти и многу други проекти во интерес на граѓаните, Заев се обидува преку својата ПР машинерија и популистички сликања со градежна оператива на терен да претстави во јавноста дека државата инвестира во инфраструктура и капитални проекти.

Подобри услови за живот на граѓаните не се создаваат со ПР стратегии, популизам и манипулации, стои во нивниот пост на Фејсбук.