
Сообраќајна несреќа во која е повреден пешак се случила вчера во 12.10 часот на крстосница од ул.„Драган Стопаревиќ“ и „Васил Драгомански“ во Куманово.
-Патничко моторно возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(43) од Куманово, удрило во С.Д.(73) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.