
Сообраќајната несреќа се случила изутрината околу 8 часот во близина на Скудрињски мост. Од сé уште непознати причини, возачот на возилото „пасат“ со албански регистерски ознаки изгубил контрола.
Покрај возачот 32-годишниот А.Б., албански државјанин, во болниците во Дебар и Гостивар пренесени и двајца сопатници 19-годишна девојка и 34-годишен маж.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица Гостивар.