Пендаровски: Да градиме заеднички држава во која има место за сите

Низ годините имавме и подеми и падови, и грешки и успеси, но, заедно, ги надминавме сите искушенија, се вели во пораката на Претседателот Стево Пендаровски, упатена до граѓаните по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.

Пендаровски во честиткаа потсетува дека во 1991 година, како што вели во едно неизвесно време, граѓаните се обединија околу идејата за своја независна држава, ои оти тогаш големиот предизвик,наместо причина за поделби, станал повод за обединување, кога „Сите се собравме околу идејата за независна и суверена Македонија“.

„Во 1991-та одбравме независност, во 2001-та меѓуетнички соживот. Денес сме пред портите на европските и евроатлантските институции. За да стигнеме до целта, треба повторно да го обновиме единството што го имавме на почетокот на независноста. За тоа ни е неопходно граѓанско помирување, а за трајно помирување потребна е ефикасна правда и државни институции со интегритет“, се вели во честитката од шефот на државата.

Пендаровски притоа порачува дека доколку се сака младите генерации да останат во земјата и тука да живеат, да работат и да создаваат иднина, е потребно вложување на многу повеќе труд, и како држав за да се обезбедат услови да се реализираат и да успеат во својота татковина.

„Нашата различност е нашата привилегија. Колку поразлични сме, толку побогат и поубав ќе биде нашиот заеднички дом. Да градиме заеднички држава во која сигурно има место за сите нас, да градиме општество ослободено од предрасуди. Држава и општество во која има продуктивен политички дијалог, социјална правда, солидарност кон ранливите и заборавените, во која и државата и граѓаните се грижат за животната средина. Држава во која владее правото, во која истите правила важат за сите нас, и за силните и за слабите, и за моќните и за немоќните, и за власта, и за опозицијата. Држава во која ќе се признаваат грешките и ќе се честитаат успесите. Само таква држава ќе има сигурна и просперитетна иднина“, заклучува во пораката Пендаровски.