
Грмотевици, град, силен дожд и ветер ги зафати неколку села во општина Теарце во Тетовско попладнево околу 18 часот.
Во Лешок, Слатино и Теарце жителите сведочат за интензивно невреме во траење од повеќе од половина час.
Почна со дожд и ветер, што се засилија, па започна град да паѓа. Поради многу дожд водата се насобра на улиците, некаде со кал, а некаде поројно се движеше по улиците во Слатино.
Во тетовската полиција засега нема пријавено повредени лица, поголеми проблеми или оштетување на имоти.