Еден пациент почина, десетици повредени во пожар во болница во Диселдорф

Во пожарот кој во текот на ноќта кон вторникот избувна во болница во западногерманскиот град Диселдорф загинал 77-годишен маж, а72 лица се повредени, известија пожарникарите во вторникот утрото.

Седум од повредение се животно загрозени, а 11 се здобиле со тешки повреди во пожарот во болницата „Marien Hospital Duesseldorf“ во предградието Пемпелфорт.

Причината за пожарот засега не е позната. Утврдено е дека избувнал во соба на вториот крај во која бил пациентот кој смртно настрадал. Го госнеле 180 поќарникари.

Чадот од собата се проширил низ целата болница, којашто има пет ката. Од 72 повредени лица, 62 вдишале чад.