Џонсон категоричен: Ако е апсолутно потребно ќе излеземе и без договор

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја искористи суспензијата на парламентот во траење од пет седмици да го осигура излегувањето од ЕУ до 31. октомври, со или без договор.

-Мислам дека има маса на луѓе кои навистина сакаат тоа да се изврши, вклучувајќи британски луѓе, луѓе во Брисел и наши пријатели ширум ЕУ. Тие сакаат процесот на напуштање на ЕУ да продолжи. Брегзит се влече веќе три години, рекол Џонсон за „BBC“.

Опозициските застапници во понеделникот го одбија предлогот на Џонсон за распишување предвремени избори. Надпартиска група застапници од премиерот во понеделник побара да склучи договор со Брисел.

Заговорниците за безусловен Брегзит во Конзервативната партија сметат дека Џонсон треба да го игнорира законот кој го донесе парламентот, а преку кој Џонсон мора да побара одложување на Брегзит од ЕУ доколку до 19. октомври не се постигне договор со Брисел.

-Работиме мудро за да добиеме договор. Мислам дека ќе добиеме, но ако биде апсолутно потребно ќе излеземе и без договор, рекол Џонсон.