Се урна товарен авион во САД, не се знае судбината на екипажот

Недалеку од Толедо во Охајо се срушил товарен авион со двајца членови на персоналот и се запалил кога удрил во два паркирани автомобили, соопштил менаџерот на аеродромот во Толедо.

Несреќата се случила околу три часот наутро, источно од аеродромот кај работилница за поправка на автомобили, а како што рекол менаџерот на аеродромот Џо Ротердам, не се знае дали лицата кои биле во авионот преживеале, пренесува АП.

Како што рекол тој, истрагата и натаму е во тек.