
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, во кои две лица поминале со телесни повреди.
Во рамки на преземени мерки и активности, од сообраќај се исклучени 28 возачи од кои еден управувал возило под дејство на алкохол, а 27 возачи затоа што управувале возила без возачка дозвола.
Констатирано е, информираат од СВР Скопје, дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Исто така, исклучени од сообраќај биле и 27 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица возачи поради неправилно престројување и 32 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.