
Просветниот инспектор Ѓорги Илиевски тврди дека е жртва на мобинг на работното место откако објави дека три високи владини функционери од редовите на ДУИ незаконски напредувале.
Тој вели по деградирањето сега му се одземаат предмети и не му се дозволува да работи на терен.
Илиевски денеска беше примен во амбасадата на Германија а на средбата тој им објаснил за опструкциите со кои се соочува. Тој најави дека ќе бара прием и во амбасадата на САД.