
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и ветровито со засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу осум и 18, а дневната ќе достигне од 20 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
До вторник времето ќе биде претежно сончево со посвежи утра, но со пораст на дневната температура.