Поранешниот италијански премиер Ренци формира нова партија

ANSA/ANGELO CARCONI

Поранешниот италијански премиер и лидер на левичарската Демократска партија (PD), Матео Ренци, ќе истапи во текот на седмицата од партијата и ќе формира нова центристичка сила, пренесува во вторникот Reuters.

Ренци, кој беше на чело на владата на PD од 2014 до 2016 година, беше клучната фигура во формирањето на новата коалиција на почетокот од септември откако крајно десната партија Лига предводена од Матео Салвини излезе од коалицијата со антисетаблишмент Движењето пет ѕвезди (М5Ѕ).

Меѓутоа, Ренци кој е член на Сенатот, горниот дом на италијанскиот парламент, имаше многу проблематични односи со својата партија, особено со ултра левото крило, и веќе подолго време се шпекулира дека ќе формира нова партија. Во разговорот за весникот La Repubblicа, вели дека Демократската партија е збирштина од разни фракции.

„Се плашам дека нема да можам на агресијата од Салвини и тешката кохабитација со Движењето пет ѕвезди“, вели Ренци, додавајќи дека сака да го порази „популизмот“ на Салвини, како што неолибералите ги нарекуваа суверенистичките тенденции во Европа.

Пораншниот челник на Демократската партија, која во моментов е третата политичка сила со речиси двојно помал рејтинг од Лига, исто така, вели дека а неговата нова политичка групација ќе ѝ се приклучат околу 30 пратеници. Демократската партија сега има 111 мандати во долниот дом на парламентот и 51 пратеник во Сенатот.

„Тоа ќе биде добро за сите“, тврди Ренци, додавајќи дека тоа на владата ќе ѝ овозможни „најверојатно да ја зајакне својата парламентарна поддршка“.

Генералнито секретар на Демократската партија, Никола Ѕингарети, пак, рече дека одлуката на Ренци е грешка.