Се чисти каналот во Пржино

Општина Кисела Вода започна акција за чистење на каналот во Пржино.

Десет сезонски работници рачно и машински ја расчистуваат нараснатата ниско стеблеста вегетација, а го собираат и отпадот одложен од страна на несовесни граѓани.

Општината по потреба каналот го чисти неколку пати годишно.