
Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани Гоце Савев ја вработил сопругата Стојка Савева на оглас за наставник по предметот граѓанско образование во истото училиште каде што тој е директор.
Според законот за средното образование, изборот од кандидатите кои ги исполнуваат условите го врши Директорот на училиштето.
Инаку семејството Савеви се истакнати членови на СДСМ.