(ФОТО) Нескриено незаконско загадување на околината во скопско Нерези

Во близина на средновековниот манастир во скопско Нерези на падините на Водно, секојдневно незаконски се исфрла градежени и комунален отпад, а самата населба е претворена во дива депонија, аларимираат од партијата Левица во средата од каде ова незаконско дејство го документираат со фотографии кои ги распространија преку социјалните мрежи.

„На само 500-тина метри од црквата „Свети Пантелејмон”, камиони секојдневно незаконски исфрлаат градежен и комунален отпад, при што околината на Нерези е претворена во место на диви депонии кои никнуваат на секој чекор. Очигледно е дека оваа пракса се толерира од властите низ годините и се работи за заштитени поединци, со што нивното несакционирање ја продолжува ваквата пракса на депонирање отпад во малиот дел природа што остана неузурпиран од градежната мафија.

Институциите додека ги санкционираат најмаргинализираните слоеви во општеството, како продавачи на марули и сиромашни Роми, камионите со градежен шут се невидливи за органите на прогонот. На наредната седница на Советот на Општина Карпош нашиот советник ќе постави прашање за комуналниот проблем со дивите депонии во Долно и Горно Нерези и ќе иницира чистење и надзор на истите од страна на надлежните органи“, се предупредува во објавата на партијата Левиц