
Македонија ја совлада Словенија со 3-1 и си ја отвори вратата за пласман во осминафиналето на Европското првенство.
Оваа победа против домаќинот во „Стожице“ донесе голема радост и задоволство како кај играчите така и кај селекторот Никола Матијашевиќ кој им честиташе на неговите момци, а воедно испрати пораки до оние кои во изминатиов период ги критикуваа.
– Македонија постојано играше, но овие последни два меча… Јас морам да им честитам на играчите, за многу работи. Ова е нивен најголем резултат, се што се договоравме за овие два меча го исполнија и целата екипа има заслуга за оваа победа. Се надевам дека ќе одиме во Франција. Ова е голем успех, се надевам дека сега во Македонија ќе има стручњаци кои детално ќе ја објаснат добрата игра како што ја објаснуваа и лошата игра. Овие играчи тоа го заслужија, – истакна Матијашевиќ.