
Активен пожар вечерва има во селото Коњаре, Општината Петровец, информираат од Противпожарната единица од Скопје.
– Пожар во село Коњаре, Општина Петровец. Работиме на терен. За повеќе информации ќе ве известиме подоцна, објави на Фејсбук страницата Противпожарната единица од Скопје.
Пожар денеска имаше и во близина на скопското село Бардовци кој, како што информираат од Противпожарната служба комплетно е локализиран.