
Во дербито на колото од првата македонска фудбалска лига, Вардар како гостин го совлада Шкупи со 2:1, и со новите три бода, се искачи на второто место на табелата.
Тетовското дерби ѝ припадна на Шкендија која во финишот го скрши отпорот на Ренова, а значајна победа за бегство од дното извојува Работнички.
Резултати Работнички – Македонија Ѓорче Петров 1:0, Ренова – Шкендија 0:2, Шкупи – Вардар 1:2, Силекс – Борец 3:0, Струга Трим Љум – Академија Пандев 0:0.
Табела: А. Пандев 14, Вардар 13, Македонија ЃП 11, Шкупи и Струга по 8, Шкендија и Ренова по 7, Силекс и Работнички по 6, Борец 4.