
Припадниците на украинските специјални полициски сили го привеле мажот кој претходно во средата се закануваше дека во воздух ќе го крене мостот „Метро“ во главниот град Киев, пренесуваат локалните медиуми.
Мажот, чиј идентет уште не се открива, почнал да пука, изјави началникот на киевската полиција, Андреј Кришченко.
На местото на настанот се спроведувваше пецијална операција. Полицијата овој случај го квалификува како подготовка за терористички напад.
„Непознат маж пука и се заканува со експлозија. Водиме специјална полициска акција. Сега таму се наоѓаат претставници на сите служби. Стопирано е движењето на автомобили и возови на мостот“, се наведува во изјавата на началникот.
Напаѓачот се закануваше дека ќе разнесе и државни институции.
Перекритий міст Метро у Києві: у поліції повідомили, що чоловік, який погрожує підірвати міст, зробив кілька пострілів