
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска се врати од Словенија, каде за само неколку поени не успеа да се пласира во осминафиналето на Европското првенство.
Одбојкарите се фотографираа на аеродромот, а капитенот Никола Ѓоргиев преку социјалните мрежи изрази благодарност до навивачите и државата за поддршката.
– Дојдовме, видовме, научивме. До следното лето, порача најдобриот играч во тимот на селекторот Матијашевиќ.
Потоа на тимот му беше приреден пречек и од фанови, со музика од оркестарот „Џамбо Агушеви“, па репрезентативците запеаја и заиграа оро.