
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека Соединетите Американски Држави формираат коалиција за да го одвратат Иран по нападот на саудиските нафтени објекти, но сакаат мирно решение.
– И натаму настојуваме да создадеме коалиција како акт на дипломатијата, додека иранскиот министер за надворешни работи се заканува со војна и борба до последниот Американец, изјави Помпео по состанокот со престолонаследникот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед.
Тој додаде дека САД имаат цел да направат коалиција за постигнување мир.