Во воздушен напад на авганистанските и американски сили убиени 30 цивили

Најмалку 30 цивили се убиени а уште 40 се ранети во воздушен напад на авганистанските безбедносни сили со поддршка на американските воздушни сили во источен Авганистан, потврдија во четвртокот владини претставници.

Целта на нападот изведен ноќта кон четвртокот била уништување на засолниште на милитантите од Исламсклата држава, меѓутоа по забуна биле гаѓани земјоделци во близина на полињата во Вазир Танги во округот Кагјани во покраината Нангахар, изјавиле за Reuters тројца владини службеници.

Но според локалната телевизија Ariana, нападот го извеле „странски сили“, а жртвите биле локални жители кои береле ф’стаци. Локален жител од Вазир Танги рекол дека нападот се случил кога уморните работници, главно надничари, се собрале околу шатор по бербата. „Работниците запалиле оган и седнале заедно кога ги погодил дрон“, рекло Малик Рахат Ѓул.

Во командата на американските сили во Кабул не била достапна за коментар.

Министерството за одбрана на Авганистан ги потврдил нападот на авганистанските и американските воздушни сили кој според него бил насочен кон борци на Исламската држава, но одбил да сподели поединости за цивилните жртви во нападот.

„Владата го истражува случајот, засега девет тела се подигнати од областа на нападот во близина на поле со ф’стаци“, рекол портпаролот на гувернерот на покраината Нангахар.