
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека секој воен напад од страна на САД или од Саудиска Арабија кон неговата земја ќе резултира во „сеопшта војна“.
– Објавувам многу сериозни ставови дека не сакаме војна или да се најдеме во воен конфликт. Но, нема да се двоумиме да ја одбраниме нашата територија, истакна Зариф за Си-Ен-Ен.
Вашингтон го обвини Иран за нападот врз саудиските нафтени посторјки за време на викендот, додека Техеран демантира и ги предупреди САД дека „веднаш“ ќе се одмаздат доколку бидат нападнати поради настаните во во Саудиска Арабија.