
Паника настана вчера во францускиот град Лил, поради црн пантер кој бил забележан како се движи на покривот на зграда во предградие на градот.
Околното население немоќно и исплашено, само гледало како животното влегувало и излегувало низ отворените прозорци на зградата.
Пантерот бил фатен по околу еден час откако бил забележан. Нема жртви и повредени.