
Агапи Дика, претседателката на Меѓународниот Сојуз на Боки 13, а наводно и потписник на одредена документација денеска беше на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за случајот „Рекет“.
Вчера во Обвинителството на распит била и Јованка Кухар, финансиски раководител и координатор во Меѓународниот Сојуз. Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева. Денеска во Обвинителството е повикан и бизнисменот Зоран Азманов да сведочи во за случајот „Рекет“.