
По повод светскиот ден на чистењето, World cleanup day, ЈПхигиена”- Скопје денеска започна повеќедневна акција за генерално чистење на сите скопски општини.
Во текот на акцијата ќе биде извршено рачно и машинско миење на главните, но и на сервисните улици во градот, а воедно ќе бидат поставени специјални садови во коишто, во периодот 21.09.2019-24.09.2019, граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема. Во рамките на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, коишто промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.