
Синоќа во Штип министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и градоначалникот, Благој Бочварски, го означија почетокот на 13-то издание на манифестацијата штипска „Пастрмајлијада“и заедно ја пресекоа џиновската пастрмајлија.
Вечерва 21 септември, забавата ја носат: Мартинијан Кириловски, Антониа Гиговска и најголемата балканска дива ЦЕЦА.
Фестивалскиот викенд го затвораме во недела, 22 септември со концертите на No End, Викторија Лоба, Тропико Бенд и ѕвездата за сите генерации Данијела Мартиновиќ.
Се гледаме во Штип на највкусна пастрмалија и забава со врвни изведувачи, стои во соопштението на Фејсбук страницата.
Пастрмалија е македонски специјален вид на пита направен од тесто и месо. Традиционалната пастрмалија има долгнавеста форма со сецкано месо врз неа.
Името потекнува од зборот пастрма, што значи солено и сушено месо од овца или јагне.
Во чест на пастрмалијата, секоја година во Штип традиционално се одржува манифестацијата наречена Пастрмалијада.