
Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена рафинерија.
Целта на распоредувањето на американските трупи е одбранбена и тие пред се ќе се концентрираат на воздушна одбрана и одбрана од ракетни напади, соопшти Пентагон.
Нафтената рафинерија на Сауди Арамко беше нападната на 14 септември со дронови и крстосувачки ракети. Одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, но САД тврдат дека нападот бил извршен од Иран.
Иран негираше секаква вмешаност во нападите.