
Познатиот хотелиер и филантроп Барон Хилтон почина во својот дом во Лос Анџерес, во четвртокот, на 91-годишна возраст.
Неговата внука, Парис Хилтон истакна дека на него гледала како пример.
-Многу сум погодена од смртта на мојот дедо Барон Хилтон, напиша таа на Твитер. Тој беше легенда, одличен визионер, живееше живот полн со авантури и достигнувања.
Во 2007 година, Си-ЕН-Ен информираше дека Барон Хилтон парите од продажбата на Хотел Хотелс Цроп во вредност од 1,2 милијарди долари ќе ги префрли наместо на неговите наследници, на филантропската фондација на неговото семејство. Неговото семејство информираше дека 97% од неговото богатството ќе биде наменето за хуманитарни цели на неговата фондација.