Британскиот Врховен суд пресуди дека суспендирањето на парламентот е незаконско

Одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон, која доби одобрување и од кралицата Елизабета Втора, да го суспендира работењето на парламентот била незаконска, пресуди во вторникот Врховниот суд на Обединетото Кралство.

Претседателката на судот баронесата Бренд Мерџори Хејл, попосната како Лејди Хејл, на заседанието кое беше директно пренесувано на тетлевизија, изјави дека одлуката има „екстремен ефект врз основите на британската демократија“.

Оваа пресуда би можела да резултира со порано свикување на парламетот, што на пратениците ќе им овозможи да ги спречат плановите на премиерот Борис Џонсон да го изведе Обединетото Кралство од Европската унија на 31-ви декември, со или без договор со Брисел.

Британскиот премиер Џонсон на 28-ми август од кралицата Елизабета Втора побара привремено суспендирање на работата на парламентот, а неговите противници тврдат дека тоа го сторил за да ги поткопа нивните обиди да го спрчат неговиот план за брегзитот. Со оваа одлука, работата на британскиот парламент беше суспендирана до 14-ти октомври.

Џонсон тврди дека цел на суспендирањето е да се овозможи создавање и претставување нова законска рамка.

Во текот на трите денови сослушување пред Врховниот суд минатата седмица, правните застапници на противниците на брегзитот и опозицијата рекоа дека во тоа тела дека суспендирањето од пет седмици е најдолгото во последните половина век.

По одлуката на Врховниот суд од вторникот, парла ментот сепак би можел повторно да се собере пред планираниот крај на суспендирањето.