
Рано изутринава турски државјанин е приведен на граничниот премин „Деве Баир“ поради фалсификуван зелен картон.
Како што се наведува во полицискиот билтен:
На 24.09.2019 во 04.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на исправа – зелена карта, од слобода бил лишен С.Ј.(56) од Република Турција, кој управувал товарно моторно возило „рено“ и полуприколка со турски национални ознаки. С.Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.