Кривична пријава заработиле двајца кривопаланчани кои дома произведувале марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Пaланка поднесе кривична пријава против К.М.(22) и А.Б.(23), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 29.05.2019 полициски службеници извршиле преглед на А.Б., при што пронашле и одзеле марихуана. Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на К.М., при што пронашле и одзеле марихуана.