
Едно лице со тешки телесни повреди е пренесено на клиниката Мајка Тереза, откако возилото со кое се превезувала удрило во оградата на автопатот Тетово – Скопје.
На 24.09.2019 во 15.00 часот на автопатот Тетово – Скопје, В.Х.(32) од Косово, управувајќи патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, изгубил контрола и удрил во оградата на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.А.(29) од Косово и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.