8.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Како да ја надминете главоболката преку ден и за време на викенд

Попладневните главоболки најчесто се појавуваат кај луѓе кои подолго време седат на стол. Предизвикани се од неприродната положба на телото. Во ваков случај најпрво протегнете се и раздвижете се, ќе забележите подобрување по неколку минути.

стресот од работната недела кулминира во петок, а во сабота веќе ги чувствуваме последиците. Доколку се случи ваква главоболка, пред да посегнете по аналгетик, отспијте околу 30 минути. Бидете мирни, на тој начин го контролирате нивото на кортизол во телото.

Главоболките при промена на време погодуваат околу 50% од населението. Едно истражување на Универзитетот во Конектикат покажало дека треба да се зема коензим Q10 кој помага на нервите да се прилагодат на промените.