Меси повторно паузира поради повреда

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Аргентинецот Лионел Меси, ќе мора повторно да паузира поради повреда на бутниот мусклул која ја доби на мечот со Вилјареал, објави во четвртокот Барселона без да открива колку долго тој ќе отсуствува од терените.

Сигурно е дека неодамнешниот добитник на наградата на ФИФА за најдобар играч на светот за оваа година ќе го пропушти дуелот во Лигата на шампионите против Интер следната седмица.

Меси само што закрепна од повредата на мускулот на листот, но минатиот викенд на мечот против Вилјареал (2:1) по само 45 минути игра го повреди бутниот мускул додека му асистираше за погодок на Антоан Гризман.