Штабот на американските војски на источното крило на НАТО од Германија се сели во Полска

Командата на американските трупи на источното крило на НАТО во Европа ќе биде преместено во Полска, изјави во четвртокот полскиот министер за одбрана Мариуш Блашжак за Полското радио.

Соединетите држави и Полска неодамна потпишаа заедничка декларација за воена соработка. Во документот се наведува дека двете земји го потврдуваат планираното зголемување на бројот на американските трупи во Полска за илјада војници од сегашните 4.500 лица. Двете страни, исто така, постигнаа согласност и за локациите на теериторијата на Полска на кои се палнира да бидат распоредени американските трупи. Меѓу другите, градот Познан е определн како локација за седиштето на дивизиската команда и групата за поддршка на копнените војскина САД.

„Ова значи дека од Познан американскиот командант…, ќе раководи со американските сили, како во Полска, такао и во нашиот дел од Европа, односно на источното крило“, рече Бласшак.

Според него, „тоа значи дека во Полска ќе има воена институција од висок ранг“. „Американските сили нема да бидат командувани од Германија, како досега, туку од Полска“, додаде полскиот министер за одбрана.

Полскиот претседател Анджеј Дуда и неговиот американски колега Доналд Трамп на средбата во Њујорк во понеделникот потпишаа заедничка декларација за проширување на соработката во сферата на одбраната. Во договорот се наведува дека Варшава и Вашингтон продолжуваат „да работата на планот за зајакнување на воените врски меѓу Полска и САД, а исто така и на американските одбранбени способности во Полска“. Се наведува и дека зголемувањето на присутноста на американските војници во оваа земја ќе изнесува од 4.500 на 5.500 лица кои ќе бидат разместени во шест воени објекти низ целата земја.

Центарот за борбена обука, кој ќе го користат војските на двете земји ќе биде лоциран во градот Дравско-Поморско, а во Познан ќе биде довизиската команда, како и групата за поддршка на пешадиските сили. Во Вроцлав ќе има воздухопловна база за товарните авион на американските сили, а во Ласк е предвидено градење база за американската ескадрила од беспилотни летала. Во областа Повидз ќе биде командата на воздухопловната борбена бригада, баталјонот за логистика и објект за специјалните сили, кои исто така ќе користат објект и во Лублинц.

Во моментов во Полска е распореден мултинационален баталјон на НАТО со околу илјада војници, како и американска тенковска бригада со бројност од околу 3.500 лица.