
Околу полноќ во 00.20 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Венјамин Манчуковски“ го привеле К.Р.(47) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
Вчера во 21.45 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“ го привеле Н.Р.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Во 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Благоја Стефковски“ го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Во 01.45 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба ги привеле А.Б.(27) и М.П.(27), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.
Исто така вчера во 18.40 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Венјамин Манчуковски“ го лишиле од слобода Ф.И.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.