Хаотичен старт на АНБ: Наместо професионалци, се вработуваат партиски кадри

Новоформираната Агенција за национална безбедност која треба да ја наследи Управата за безбедност и разузнавање како стожер на борбата против криминалот, корупцијата и да се грижи за безбедноста на граѓаните стартуваа хаотично.

Официјално Агенцијата почна да функционира на први септември, а за нејзин директор е именуван Виктор Димовски.  Екипирањето на новата Агенција за безбедност требаше да заврши до 20-ти август, но досега нема информации дека институцијата набрзо ќе функционира со полн капацитет. А, причина за ова , според информации до кои дојде Нетпрес од извори од Агенција, е постапката за селекција на новите вработени која се спроведува не според законот, туку по партиски, роднински и пријателски врски односно според претходно утврден „список“.

„Целиот процес на селекција (покрај формалниот дел на комисијата за селекција, е организиран и воден од страна на неколку партиски послушници (активни учесници на протестите „Шарена револуција“, лица под контрола на Оливер Спасовски и Јовче Ременски кои преку неосновано оценување и незаконит процес на вршење безбедносни проверки, во сомнителни околности елиминирале или заштитиле повеќе лица меѓу кои лица со криминално досие, лица инволвирани во активности од надлежност на УБК, лица со дисциплински прекршоци во МВР, фалс дипломи, без остварени работни резултати итн“, тврдат извори од Агенција за национална безбедност вклучени во процесот за Нетпрес.

Според информациите, при селекцијата на вработените не е земена предвид одлуката на Антикорупциска да не се преземаат брачни двојки, деца и родители и враобтени со други блиску фамилијанрни врски. Наспроти ова, во новата Агенција од УБК, според нашите извори, се преземаат и лица во „љубовна врска“ со моќници кои имаат влијание врз процесот на селекција.

Во новата Агенција ќе работат и Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, осудени во предметот „Пуч“ и за кои веќе докажано дека предавање разузнавачки материјали во политичка партија, спротивно на Законот.  Покрај ова, тврдат извори од Агенцијата, за безбедноста на македонските граѓани ќе се грижат и разузнавачи кои соработувале со странски служби, учествувале во насилства, се поврзуваат со екстремизам и тероризам.

Вработувања по партиски клуч

Меѓу нововработените во Агенција за безбедност е и Јовче Ременски, сопруг на пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски и покрај тоа што Законот експлицитно забранува вработените да бидат поврзани со политички функционери. Покрај, политичкиот ангажман брачната двојка Ременски во изминатиот период се поврзува како сериозно инволвирани во рекетот што го вршел Бојан Јовановски – Боки 13.

На сметка на партиските и вработувања на лица поврзани со незаконски активности , при процесот на селекција елиминирани се, тврдат нашите извори, професионалци кои повеќе од 10 години успешно ги извршувале своите работни задачи, докази

„Едно од првите распоредувања (на висока позиција) на работници во Агенцијата е Зоран Костовски, близок пријател на Јовче Ременски , активен учесник на протестите „Шарена револуција“, еден од директните спроведувачи на незаконско оценување и селективно вршење на безбедносни проверки по „нарачка““, велат изворите од Агенцијата за безбедност.

Преку незаконска процедура до безбедносен сертификат!?

Според тврдењата на вработени во Агенција, повеќе вработени кои никогаш до сега немале безбедносен сертификат поради постоење на реални безбедностни пречки за добивање на истиот, сега, во многу краток период во незаконска процедура успеале да добијат позитивна оценка и се преземени во Агенција за безбедност.

„ Вработените во УБК кои во процесот на селекција не се превземени поради „констатиран„ безбедносен ризик, досега воопшто не се известени за тоа, иако според законот за АНБ селекцијата трае до 20.08.2019, а Агенцијата отпочнува со работа на 01.09.2019, со што им се ускратува правото на приговор и преиспитување на постапката“, велат нашите извори.

Според информациите, вработени се преземале и по завршувањето на законскиот рок 10-ти септември спротивно на законот за основање на Агенцијата.

Виктор Димовски, директор на Агенција за национална безбедност

И еден месец по стартот Агенција во „статус кво“

Агенцијата, според нашите извори, и покрај официјалниот старт пред речиси еден месец се уште не е во функција.

Во пракса, велат нашите извори, непревземените и нововработените во АНБ сеуште работат заедно и користат исти простории и ресурси во сопственост на МВР. Агенцијата нема своја архива. А, во меѓувреме, во ново најавениот објект кој би требало да го користи АНБ не се започнати никакви подготовки бидејќи до крајот на годината се сместени други корисници.

Непревземените во АНБ се сеуште нераспоредени согласно законот, што во пракса значи дека неколку стотици лица функционираат на непостоечки работни места и не обавуваат никакви работни задачи.

Нововработените припадници на АНБ се оневозможени да функционираат според новиот закон, велат извори од Агенцијата,  бидејќи немаат легитимаци. И она што се работи, тврдат нашите избори, се врши на незаконит начин бидејќи не се составуваат записници, нема писмени задолженија и акти за работа.

Нефункционирањето на Агенцијата шанса за злоупотреби

Вработените во Агенција сметаат дека ваквиот начин на функционирање на Агенцијата, незаконската селекција на вработените и работа надвор од законски утврдените рамки останува огромен простор за продолжување на злоупотребите на службената должност и пречекорување на овластувањата.

Инаку, денеска во увид во Агенцијата беа членови на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за безбедност. Утврдија низа неправилности во процесот на следење на комуникациите.