
Се очекува дека кинеските вооружени сили на воената парада следната седмица во Пекинг ќе претстават повеќе видови нови оружја во рамките на амбициозната програма за воена модернизација на претседателот Кси Џинпинг.
Кинеските напредни ракети ќе бидат главната атракција на парадата на 1-ви октомври, со којашто ќе се одбележат седумте децении од постоењето на комунистичка Кина. Многу од нив се дизајнирани за напади врз носачи на авиони и бази кои ја темелат американската воена моќ во регонот, коментираат западните аналитичари.
Меѓу нив е и таканаречениот „убиец на носачи“ на авиони „Dongenfg-21D“, проектил кој беше прикажан на парадата 2015 година, за кој кинеската армија тврди дека може да погоди воени бродови на оддалеченост од 1.500 километри, како и ракетата со среден дострел „DF-26“, наречена „убиец на Гуам“ алудирајќи на американската воена база во Тихиот Океан.
Вниманието на кинеските државни медиуми е насочено кон интерконтинентлната ракета „DF-41“, која може да понесе неколку нуклеарни боеви глави и да ја достигне територијата на САД. Кина, исто така, забрзано работи и на развојот на хиперсоничните ракети „DF-17“, кои можат да се движат со брзина неколкупати поголема од брзината на звукот.
Сем Роггивен, директор на „Lowy Institut“ за меѓународна безбдносна програма во Сиднеј тврди дека не постои одбрана од хиперсоничните ракети, освен напад врз оник кој ги лансира.
Аналитичарите се особено заинтересирани за можното претставување на два модела на ткн „невидливи“ беспилотни летала. Кина по правило на парадите ги претставува системите кои се веќе во употреба.
На парадата ќе учествуваа околу 15.000 војници и повеќе од 160 летала, што ја прави поголема од миинатата масовна парада која се одржав во 2015 година во Пекинг, на одбележувањето на 70-годишнината од крајот на Втората светска војна.
Кинеските функционери тврдат дека целта на парадата во вторник не е „покажување мускули“. Меѓутоа, Пекинг е соочен со проблематична безбедносна ситуација. Кина е опкружена со американски сојузници и воени бази во близина на нејзиниот брег, што го вклучува и американски вооружениот Тајван, кој Пекинг го смета за своја одметната покраина.
Портпаролот на кинеското минситерство за одбрана, Рен Гуачијанг, во четвртокот ијави дека светот не е безбедно место и дека кинеската армија мора „целосно да биде подготвена“. Кина ја има најголемата војска во светот, и моментално вториот најголем воен буџет, по САД.
Кинеската влада во петокот ја отфрли загриженоста поради ткн „кинеска закана“. Тврдењето дека Кина претставува закана се темели на „неразбирањето“ и „длабоко вкоренетите предрасуди“, се истакнува во документот насловен како „Кина и светот во новата ера“.
„Кинеската нација нема ген за инвазија врз другите земји и доминирање со светот. Западните сили ја злоставуваат Кина од средината на XIX век, што ѝ оставило неизбришливи сеќавања за патењата кои ги донесоа војната и нестабилност. Кина никогаш нема на другите да им го нанесе патењето коешто и самата го доживеала“, се додава во споменатиот текст.