Дете ја спуштило рачната кочница, возилото го прегазило петгодишното братче

Петгодишно дете со тешки повреди било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во петокот вечерта, откако настрадало во несреќа со семејното возило предизвикана од невнимание.

По преземени мерки од страна на СВР Скопје, било констатирано дека околу 18.00 часот на ул.„Лука Геров“, откако неговиот татко Е.К. го запрел патничкото возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, за да пренесе товар, другото негово тригодишното дете во возилото ја спуштило рачната кочница. Поради ова возилото се придвижило и со предното тркало удрило во петгодишното дете.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.