
Во средбата од шестото коло од германското фудбалско првенство Борусија Дортмунд и Вердер одиграа 2:2, со што „Милионерите“ и второ коло по ред ремизираа, а во последните четири кола забележаа само една победа.
Во интересниот натпревар Вердер поведе, Борусија потоа со два гола направи пресврт, но госите не се предаваа и израмнија. За Борусија стрелци беа Мерио Геце во 9 и Марко Ројс во 41 минута, а за Вердер погодијаа Милот Рашица во 7 и Марко Фредл во 55 минута. Во продолжението домашните беа поблиску до победата, но не успеаја да го совладаат Јири Павленка.
Борусија моментално е шеста со 11 бодови, а Вердер има седум бодови на 10-то место.
Минхенски Баерн го презема водство на табелата на Бундеслигата откао на гостувањето го победи „фенерџијата“ Падеборн со 3:2. За Баварците головите ги постигнаа Серж Гнабри во 15, Филипе Кутињо во 55 и Роберт Левандовски во 79 минута, а за новакот во лигата Каи Прогер во 68 и Џамилу Колинс во 84 минута.
Баерн сега е прв со 14 бодови, а Падерборн досега освои само еден бод.
За лидерското место на Баерн придонесе и домашниот пораз од 1:3 на досега водечкиот РБ Лајпциг во дуелот со Шалке 04. Во бледата патија на домашните стрелец беше во 83 минута Емил Форсберг, а гостите имаа сигурно водство преку погодоците на Салиг Сане во 29, Амине Харит во 42 од пенал и Раби Матондо во 58 минута. РБ Лајпциг остана на 13 бодови на второт место а сега бодовно со него израмни и Шалке кој поради гол-разликата е трет.
Во групата екипи со по 13 бодови и Борусија Менхенгладбах која во саботата може да се каже дека во некои елементи беше надиграна од домашниот Хофенхајм, но на крајот беше убедлива со 3:0. Стрелци беа Аласане Плеа во 43, Маркус Турам во 65 и Флириен Нојхаус во 83 минута. Борусија М е четврта на табелата а Хофенхајм е 11-ти со пет бодови.
Со идентична победа од 3:0 на гости до 13 бодови дојде и Баер Леверкузен, а негова жртва беше сега 12-от Аугсбург со пет бодови. Стрелци за „Аптекарите“ беа Флориан Нидерлелехнер кој постигна автогол во 34, Кевин Воланд во 76 и Каи Хаверец во 84 минута.
Во петокот Унион Берлин дома беше поразен од Ајнтрахт со 1:2, па домашните останаа со четири бодови на 14-то место, а гостите се деветти со 10 бодови.
Во недела се играат дуелите Фортуна – Фрајбург и Келн – Херта Берлин.