
На авганистанските претседателски избори во саботата, според неофицијалните процени, излегле малку повеќе од два милиона луѓе или околу 20 отсто од регистрираните гласачи, изјави во неделата претставник на државната изборна комисија, со што се зголемуваат страввуањата дека слабиот одѕив ќе му наштети на изборниот процес.
Споменатата бројка претставува голем пад во споредба со околу 7 милиони гласачи кои гласаа на претходните претседателски избори во 2014 година.
Силните безбедносни мерки овозможија на денот на одржувањето на изборите, во саботата, да биде релативно мирно, но слабиот одѕив и поплаките на гласачкиот системе ги зајакнуваат стравувањата дека нејасниот резултат ќе ја турне земјата во подлабок хаос.
И покрај талибанските закани со напади, два милиона Авганистанци излегоа на изборите кои се сметаат за голем тест за способноста на владата поддржана од Западот да ја заштити деморкатијата.
Меѓутоа, од 9,67 регистрирани гласачи, гласал само еден од пет, рекол за Reuters функционер на изборната комисија кој сакал да остане анонимен, имајќи предвид дека комисијата нема дозвола да ги изнесува податоците за одѕивот.
Претходните избори беа оспорени со обвинувања за изборна измама, десетици жртви и тврдења дека изборната комисија не била независна. Таквите обвинуваа се надвија и на саботните избори. Влошената ситуација и талибанските закани сигурно одвратиле многу гласачи да излезат. Талибанските бунтовници нападнаа неколку изборачки места, но големите безбедносни мерки спречија големо насилство.
Прелиминарните резултати не се очекуваат пред 19-ти октомври, а конечните ќе бидат познати дури во првата седмица од ноември. Доколку ниеден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе се одржи втор круг во кој ќе одат двата водаечки кандидата.